Индивидуални тренинзи

Родендени и настани

Бидете во тек со нашите настани

АвАв низ бројки

АвАв Хепи Дог е првиот забавен парк во Македонија за кучиња и нивните сопственици кој е формиран како социјално претпријатие и е направен целосно од рециклирани материјали, што е во целосна согласност со нашите вредности и верувања да бидеме одговорни кон животните, животната средина и кон планетата воопшто.

Посетители 0
Настани 0
Груминг третмани 0

ШТО ВЕЛАТ ЗА НАС ?

Конечно место во скопје какво што немало до сега! Место каде што конечно можеме да ги носиме нашите миленици ,,,,

Ав ав хепи дог е местото кое конечно му беше потребно на нашето Скопје. Место создадено со многу љубов која се чувствува преку позитивната енергија на тимот и персоналот кои се грижат за истото. Едноставно уживање во секој поглед: разиграни миленичиња, насмеани сопственици, беспрекорно уживање. Она што ми остави најголем впечаток е одржувањето на доги паркот од секој можен аспект: услуга на највисоко ниво, безбеден простор за милениците и секако одржување на хигиена што е најбитно кога станува збор за дружба со животни. Топло препорачувам тие што го немаат посетено истото во најбрзо време да го направат и да му обезбедат на своето милениче неколку часовно уживање. Од друга страна, оние кои уште не се одлучиле за милениче ги повикувам да го посетат паркот за да ја почуствуваат љубовта која неизмерно ја даваат животните. Ви благодарам за гостопримливоста и секако се гледаме во АВ АВ ХЕПИ ДОГ

Место каде можете да се опуштите и изиграте со својот миленик, одличен амбиент и креативно осмислен концепт за социјализација и забава на милениците и сопствениците. Едноставно местото ве прави да се чувствувате како една голема фамилија.

На нашиот француски булгог Ефе штом му спомнеме дека ќе одиме во Ав Ав паркот, толку се радува што едвај успеваме да му ставиме ремче околу вратот. А се разбира најтешкиот дел е кога доаѓа време да си заминеме од Ав Ав, тогаш мораме сите финти да ги употребиме за да го внесеме во кола.

Презадоволни и благодарни на тимот на Ав Ав паркот. Најпрво поради искрената љубов, беспрекорна нега и грижа која му ја даваат на нашиот Балдер. Кога тргнавме на одмор Балдер постојано цивкаше тажно и покрај тоа што беше оставен со нашите деца. Но, кога се вративме не пречека среќно куче, бидејќи Балдер секојдневно ја посетуваше градинката на Ав Ав, каде се грижеа да биде задоволен, изигран и најаден.

КОНТАКТ

ул. 1698 БР. 10 Скопје
Населба Бардовци
Телефон: +389 70 379 760
info@avav.mk