Image Alt

Av Av Happy Dog

 / Љубов  / АВАВ ХЕПИ ДОГ ВИ ПОМАГА ВАШЕТО КУЧЕ ДА СИ ЈА ПРОНАЈДЕ СРОДНАТА ДУША

АВАВ ХЕПИ ДОГ ВИ ПОМАГА ВАШЕТО КУЧЕ ДА СИ ЈА ПРОНАЈДЕ СРОДНАТА ДУША

Низ заедничка дружба играње и многу посветеност тимот на АВАВ среќниот парк ви дава совети и сугестии како Вашето куче да си ја најде љубовта на неговиот живот, да биде среќно и задоволно

Кучињата можат да се вљубат но и да се чувствуваат повредено исто како и луѓето. Како што велат истражувачите, љубовниот живот на кучињата е полн со среќа, секс и очај исто како и нашиот. Но според истражувањата во светот е утврдено дека нема рецепт или шаблон на нашето куче да му пронајдеме вистински партнер или да ја пронајдеме неговата втора половина и љубовта на неговиот живот. Но, дали кучињата можат да се заљубат како луѓе? Одговор на ова прашање даваат научниците кои го проучуваат мозокот и однесувањето на кучињата на Универзитетот во Колорадо. Притоа откриено е дека “Ако љубовта е дефинирана како долгорочна посветеност, што значи дека партнерите си требаат едни на други кога тие се разделени, а тие се среќни кога се заедно, се штитат меѓусебно, се хранат, заедно подигаат децата, јасно е дека и кучињата и другите животни може да се сакаат. А за тоа придонесува хормонот што го имаат и кучињата окситоцинот кој позитивно влијае и има голема врска со вљубеноста. Истражувачите откриле дека нивото на овој хормон исто така се зголемува при социјализација и дружењето на кучето и човекот, но и дружбата и интеракциите меѓу кучињата едни со други. Сепак, онаму каде што е љубовта, има скршено срце, а кучињата не се имуни на болката и страдањата ако се одбиени од нивните потенцијални партнери. Без разлика дали вашето куче бара сериозна врска или флерт сепак треба меѓу нив да има и хемија и специјални мириси кои ги испуштаат за да си ја најдат и негуваат меѓусебната љубов, која можеби ќе биде крунисана и со потомство. Само тие си знаат, а наша задача во АВАВ хепи дог паркот е да им овозможиме романтично дружење и заеднички игри.

Како да објавам?

Пратете објава на нашата ФБ страна со клик на оваа ВРСКА и ќе Ви отстапиме бесплатен простор каде можете да објавите фотографии и да ја барате љубовта на вашиот миленик.