
Чудесни вештини што ги имаат кучињата, а луѓето не!
Сите љубители на кучиња ќе се согласат дека најпопуларните миленичиња се неверојатни и фасцинантни суштества. Дека е ова вака покажуваат нивните необични вештини што ги поседуваат.
Дали знаете дека кучињата можат:
ДА НАМИРИСААТ и најмалата количина на храна, во близина и подалеку.
Нивното сетило за мирис е од 10.000 до 100.000 пати посилно отколку кај луѓето, што значи дека можат да ги намирисаат нештата за кои можеме само да сонуваме.
Од перспектива пак на видното поле, за споредба, ова би значело дека, ако можете јасно да видите на растојание од 500 метри, вашето куче истото го гледа на далечина и до 5 километри.
Благодарение на развиеното сетило за мирис кучињата многу им помагаат на луѓето, на пример, во потрага по исчезнати лица, но кучињата оваа способност ја користат и за помалку херојски дела.
Сигурно знаете од искуство дека кога ќе се вратите дома со храна за вашето домашно милениче, и штом ќе ја отворите вратата, кучето веќе намирисало дека имате нешто за него. Кучињата за една секунда знаат дека нивната храна е во близина и радосно почнува да ја бара.
ДА ОТКРИЈАТ БОЛЕСТ кај луѓето со користење само на нивните сетила.
Дресираните но и необучените кучиња можат да детектираат болести кај нивните сопственици.
Кучето дури може да почувствува и да алармира пред сопственикот да добие епилептичен напад, додека некои кучиња пак може да ги предупредат луѓето за промените кои се случуваат во нивното тело предизвикани од болеста, како на пример покачен шеќер или дијабетес.
Постојат многу вистински приказни кога кучињата почуствувале некои биолошки промени во телото на човекот која се покажала како тешка болест. Кога кучето ќе почувствува дека нешто не е во ред тоа постојано го привлекува вниманието на сопственикот кон одреден дел од телото, додека човекот не сфати дека нешто не е во ред.
Во голем број случаи кога сопственикот ќе оди на лекар однесувањето на кучето се потврдува дека сопственикот има здравствен проблем.
ДА ПОЧУВСТВУВААТ што ќе направите следно без да кажете ниту збор
Кучињата се вистински мајстори во читањето на говорот на телото кај луѓето, така што тие имаат способност да предвидат што ќе направите понатаму.
Во оваа вештина, кучето се користи со контакт со очи и гледа внимателно во сопственикот за да разбере што размислува. Кучињата се толку добри во читање на говорот на телото, што не треба да се каже миту збор, а кучето ќе знае што да прави понатаму.
ДА ПРЕДВИДАТ природна катастрофа
По секоја природна катастрофа, се кажуваат сведоштва на луѓе кои нивните миленици ги предупредиле со своето невообичаено однесување дека нешто не е во ред. Науката сè уште не успеала да дознае како кучињата и другите животни можат да почувствуваат дека ќе настане природна катастрофа, но постојат неколку теории.
Некои веруваат дека тие можат да почувствуваат промени во подземните води кои се јавуваат пред земјотрес. Некои веруваат дека животните се во можност да го слушнат татнежот на многу ниски фреквенции како резултат на природни појави како земјотреси и вулкани.
Исто така, постојат голем број студии кои укажуваат на тоа дека кучињата, благодарение на нивното силно сетило за мирис можат да ги намирисаат промените во воздухот што се појавуваат пред да се случи катастрофа.
ДА СИ ГО НАЈДАТ ПАТОТ ДО ДОМА и од најоддалечените непознати места
Луѓето во такви ситуации користат GPS, а кучињата ги користат само своите сетила и инстинкти. Кучето може да најде начин да се врати дома, дури и кога е на сосема непозната територија. Тие се враќаат дома па дури и ако никогаш не го поминало тој пат претходно. И во оваа вештина кучињата го користат својот супер мирис и кога ќе намирисаат познати ароми, тие можат да ги следат, што на крај ќе ги доведе дома.
Терапија со помош на животни дава одлични резултати во третманот на депресија, стрес и анксиозност. Контактот со крзнените пријателчиња ја враќа самодовербата, чувството на сигурност, мотивира и потсетува на важноста да се грижите за другите но и за себе, како и за целокупниот баланс на нашето психо-физичко здравје.