Image Alt

Av Av Happy Dog

 / Љубов  / И кучињата се вљубуваат ?!

И кучињата се вљубуваат ?!

Луѓето и кучињата поинаку го гледаат и го чувствуваат светот околу себе. Дали вљубеноста е само човечка емоција? Дали романсата на кучињата е резервирана само за цртани филмови како што е серијата за прекрасните ликови на Дизни за авантурите на Маза и Луња? Можеби не, бидејки некои важни докази покажуваат дека кучињата исто така можат да бидат способни за љубов и меѓусебно вљубување.

Покрај сите романтични начини да се опише љубовта, науката открила дека за тоа чувство е одговорен хормонот окситоцин. Овој хормонот го имаат и кучињата. Сличностите во структурата на мозокот и хемиските процеси потврдуваат дека кучињата имаат и човечки емоции.

Покрај тоа, научниците го прифаќаат тврдењето дека кучињата имаат ментален и емоционален капацитет на 2-годишно дете.

Ако детето е во можност да сака друго човечко суштество, кучето треба да може да сака и друго куче.Бидејќи не зборуваме на ист јазик, за емоциите на кучињата учиме со наљбудување на нивното однесување.

Постојат безброј примери на кучиња кои покажуваат исти или посилни емоции кон други кучиња отколку кон луѓето. Се случува кучињата што се напуштаат а се дружат или живеат во парови, по раздрлбата страдаат и се многу тажни па паѓаат во депресија и не се однесуваат како кога биле заедно со својата друга половина. Кога повторно ќе се сретнат тие се среќни и бескрајно весели.

Па, може ли кучињата да се вљубат ? На свој начин – да, можеме да кажеме дека кучињата минуваат низ нивните верзии на вљубеност и љубов.

Затоа, вашето куче можеби не сонува за романтична вечер или прошетка под звездено небо , но може да формира интензивни и трајни врски со друго животно. Ако вашето куче има најдобар пријател во паркот, или пред спиење се гушка и се ушушкува во кревет со друго куче дома , може да се каже дека е вљубено во својата партнерка.

Како ваши безусловни и најдобри пријатели кучињата умеат да сакаат, а својата љубов ја искажуваат на различен начин. За тоа како кучињата ја искажуваат својата љубов прочитајте повеќе тука.