Image Alt

Дневен престој

 / Дневен престој

Дневен престој во АвАв

Слично како децата кои одат во градинка исто така е важно и за вашето крзнено „дете“ да одржува конзистентна рутина на социјализација, едукација и физичка активност. А додека вие ги извршувате работните обврски вашиот ум ќе биде мирен знаејќи дека вашето куче е во безбедна и удобна средина, каде развива позитивно однесување кое што може да го покаже и дома.

Дневната градинка на АвАв Хепи Дог постои за вашите миленици, преку користење на нашиот специјално дизајниран парк за кучиња со рампи за агилност и тренинг, базен за кучиња, со најразлични интересни играчки за анимација и изигрување на вашето куче особено ако има неисцрпна енергија! Работиме со вашите кучиња за основни команди и социјализација со простор и останати кучиња. Анимирани и изиграни од тим специјално обучен за тоа. Вашето куче може да избере да се одмара во просториите кои се направени специјално за кучиња, да се излежува на удобни креветчиња направени токму за нив. Тимот на АвАв со многу љубов и посветеност се грижи за вашето куче.

Зошто дневен престој

Дневниот престој во АвАв ја ублажува досадата и осаменоста и може да понуди безбеден,

интерактивен и забавен ден за кучиња кои имаат многу енергија.

Социјализација

Ако вашето куче е “единствено дете”, нема многу пријатели кучиња или има лошо минато искуство, можностите за дружење со други кучиња и луѓе може да бидат ограничени. Дневниот престој за кучиња обезбедува безбедна и контролирана средина за вашето куче да си игра со други кучиња од сите големини, раси и карактери.
Тимот на АвАв е добро обучен за начините на однесување на кучињата и говорот на телото. Секое куче е различно, а нивните навики, карактери и нивоа на енергија се разликуваат. Со тоа што му дозволуваме на секое куче да ужива на свој начин преку надгледувано време за игра, му помагаме во градење самодоверба и добри манири.

Рутина

Кучињата имаат свои навики и многу сакаат рутини. Испраќањето на вашето куче во дневен престој ќе му помогне во одржување на дневната рутина за прошетки и време на игра додека вие ги вршите вашите обврски. Кај нас, во градинката за миленичиња АвАв, нашата секојдневна грижа обезбедува редовна рутина за вашето куче, која секогаш вклучува време за игра.

Мирен ум

Да се дојде дома во растурена куќа, или пак да го гледате вашето куче тажно може да биде доста стресно за вас. Лесно е да се изнервирате и да ги прекорувате вашите миленици, но факт е дека нивните постапки ви кажуваат дека се всушност вознемирени.
Запишување на вашето куче во дневен престој ќе ве ослободи од стресот и грижата за она што ќе најдете кога ќе си дојдете дома. Ќе имате мирен ум кога знаете дека вашиот миленик е среќен и безбеден, а исто така и вашата куќа, останатите миленичиња и соседите.

Анксиозност од одвојување

Кога сопственикот не е дома со часови, кучето може да стане вознемирено бидејќи е оставено само или да му здодее. Ова може да резултира во деструктивно однесување, па кога ќе се вратите да затекнете изџвакани чевли, перници и мебел. Престојот во градинката на АвАв ја ублажува анксиозноста од одвојување со помош на нашиот професионален тим, а тешко и да му здодее на вашето куче во нашиот специјално дизајниран парк за кучиња со рампи за агилност и тренинг, базен за кучиња, разни интересни играчки за игра и слободен простор за трчање.

Обучен тим

Затоа што ни доверувате да се грижиме за крзнениот член на вашето семејство, ние сме горди што на вашето куче секогаш ќе му обезбедиме безбедна и забавна средина додека е кај нас во АвАв. Ги превземаме сите мерки на претпазливост кога станува збор за дизајнот и одржувањето на нашиот парк за кучиња.

Кога го оставате вашето куче во АвАв, го оставате во рацете на високо обучени професионалци кои имаат:

  • Огромно искуство во работа со сите видови на кучиња.
  • Се трудат да обезбедат најдобра можна услуга за клиентите.
  • 100% транспарентност. Ние се обврзуваме дека ќе бидеме искрени и ќе работиме заедно со вас и вашето куче.

Бидејќи вие оставате со нас некој што е дел од вашето семејство, па нашиот тим ќе се однесува со вашето домашно милениче исто како да е и наше.

Типичен ден во АвАв дневниот престој + Работно време

Активности:

Безбедно, надгледувано време за активности кои вклучуваат многу игри и забава со нивните најдобри пријатели.

Извештај
“Мојот ден”:

Секојдневно се запишуваат и споделуваат со сопствениците клучните информации за вашиот миленик.

Заслужена дремка:

На секое куче му е обезбедено сопствено креветче и простор само за него за добар одмор од активностите.

Одење дома:

Сопствениците на миленици дома имаат уморно, среќно и мирно куче.

Време на посета

*со претходно закажување

  • Пон-Петок 12ч – 18ч
  • Прием и одјава од Хотел 8ч -19:30ч
  • Работно време 24/7

Дополнителни информации и потребна документација!

Регистрација
  • Сите кучиња мора да бидат регистрирани во АвАв Хепи Дог Дневната Нега – Градинка (ФОРМУЛАР(*може да го најдете подоле) со прашања кој се пополнува за лична заштита на клиентот, со податоци за третирање и работа со вашето куче, по навики кои ги имате дома) – 600мкд кој се наплаќа еднократно при влез и прием во пет центарот.
Превоз
  • Превозот во одбраните пакети или индивидуално се користи во договореното време, возилото може да чека 5/10 минути од повикот за предавање на миленикот, во спротивно може да се користи сопствен превоз.
Работно време
  • Работни часови на градинката и превозот на АвАв Хепи Дог се од 08:00ч до 18:00ч од Понеделник до Петок се што е надвор од овие работни часови и работни денови се наплаќа по посебен ценовник.
Уплата
  • Уплатата за наведените пакети за дневна градинка е однапред, од 01-05 во престојниот месец.
Најчесто поставувани прашања
  • Дознајте ги најчесто поставуваните прашања.
    Кликнете ТУКА за повеќе

Ценовник

Кучињата во ценовникот се поделени во две групи: минијатурни и мали кучиња и средни и големи кучиња.

$ 100
monthly
  • Цени за работни денови
    • Минијатурни и Мали кучиња: 760 ден (8 часовен престој во градинка)
    • Големи и средни кучиња: 900 ден (8 часовен престој во градинка)
$ 100
monthly
  • Ценовник за викенд и празници
    • Цена за викенд: 990 ден (8 часовен престој во градинка)
    • Цена за празник и неработен ден: 1.200 ден (8 часовен престој во градинка)
$ 100
monthly
  • Цени на час
    • Цена во работни денови: 180 ден (1 час престој во градинка)
    • Цена за викенд: 290 ден (1 час престој во градинка)
    • Цена за празник и неработен ден: 360 ден (1 час престој во градинка)

Ценовници на други пакети

АвАв Хепи дог нуди и превоз од и до градинката

Цени за превозот на АвАв Хепи Дог градинката:

  • Превозот до 3км од АвАв Хепи Дог се наплаќа 180 ден од еден правец  во работни денови во работни часови)
  • Превозот од 3км до 5 км од АвАв Хепи Дог се наплаќа 200 ден од еден правец (во работни денови во работни часови)
  • Превозот од 5км до 7км од АвАв Хепи Дог се наплаќа 300 ден од еден правец (во работни денови во работни часови)
  • Превозот од 7км до 15км од АвАв Хепи Дог се наплаќа 400 ден од еден правец (во работни денови во работни часови)
  • Превозот се наплаќа 400 ден од еден правец (за време на викенди)
  • Превозот се наплаќа 500 ден од еден правец (за време на неработни денови и празници)
  • Превозот важи за територијата на град Скопје
Месечни пакети за градинка

Месечните пакети за градинката се користат за време на уплатениот месец и важат САМО за истиот и важат за работни денови и работни часови

Mинијатурни и мали кучиња

  • Пакет бр.1 – месечна уплата за секој работен ден = 12.000 ден со превоз вклучен во цената
  • *овој пакет може да вклучува и храна 800ден месечно
  • Пакет бр.2 – месечна улата за три пати неделно = 6.800ден со превоз вклучен во цената
  • *овој пакет може да вклучува и храна 600ден месечно

Средни и големи кучиња

  • Пакет бр.1 – месечна уплата за секој работен ден = 13.000ден со превоз вклучен во цената
  • *овој пакет може да вклучува и храна 800ден месечно
  • Пакет бр.2 – месечна улата за 3пати неделно = 8.800ден со превоз
  • *овој пакет може да вклучува и храна 600ден месечно
Други пакети за градинка

Пакети од 5 и 10 дена градинка со вклучен превоз во цената, и важат исто за престојниот месец на уплата

Минијатурни и Мали кучиња

  • 5 дена уплата за градинка = 3.200ден
  • 10 дена уплата за градинка = 6.000ден

Средни и Големи кучиња

  • 5 дена уплата за градинка = 4.000ден
  • 10 дена уплата за градинка = 7.000ден

*се што е надвор од овие пакети се плаќа по регуларна цена

За 2 кучиња од ист сопственик

Минијатурни и мали кучиња :

  • За 2 мали кучиња цена за градинка =18.000ден (за месечна уплата со вклучен превоз во уплатата)
  • За 2 мали кучиња цена за градинка =9.900ден (за 3 пати неделно со вклучен превоз во уплатата)

Средни и големи кучиња:

  • За 2 големи кучиња за градинка =20.000 ден (за месечна уплата со вклучен превоз во уплатата)
  • За 2 големи кучиња за градинка =13.000 ден (за 3 пати неделно со вклучен превоз во уплатата)

КОНТАКТ

Ул. 1698 БР. 10 Скопје
Населба Бардовци
Телефон: +389 70 261 369
info@avav.mk

Пријави се ТУКА