Image Alt

Индивидуални тренинзи

 / Индивидуални тренинзи

Индивидуални тренинзи

Без разлика колку ги сакаме кучињата, навистина сакаме тие да имаат добро однесување и да се послушни. Целта индивидуалниот тренинг на АвАв е прилично едноставна, да го натераме вашето куче да прави што сакате, кога сакате, кога прв пат ќе кажете. Придобивката од нашиот процес на обука е комбинација на социјализација и индивидуална обука. Нашите обуки имаат хуман третман врз основа на наградување при извршување на зададените задачи.

Наша цел е да имате здрав среќен и квалитетен соживот со вашиот миленик. А за тоа некогаш е потребен стручен и непристрасен совет.

Никогаш не е доцна

Кучињата никогаш не се премногу млади или стари за да започнете со дресура! Да го научите вашето куче дека одредено однесување резултира со добро, ќе придонесе до поголема веројатност да се однесуваат така повторно.

Тренингот на вашето куче

Тренингот на вашето куче е важен дел од тоа да се биде одговорен сопственик, бидејќи може да спречи понатамошно лошо и проблематично однесување.

Ценовник

Погледнете го нашиот ценовник за групни и индивидуални тренинзи што ги нудиме за вашите миленичиња.

Ценовник за тренинг :

АвАв ви нуди тренинг за вашиот миленик во кој учествувате и вие заедно со професионално обучен дресер, на кој тренираме послушност, добивате совети и ви помагаме да се зближите со вашето куче.

Цена за индивидуален тренинг :

  • 1 час – 1200денари
  • Цена за обука на кучиња на основни команди и правилна социјализација со престој во АвАв Хепи Дог:
    Мали и минијатурни кучиња : 45.000ден
    Средни и големи кучиња : 36.000ден
  • Напредна обука за кучиња (за повеќе информации контактирајте не телефонски)

Само за вас

Отворени 24/7/365 дена во годината

Нашиот тим

Oбучен и искусeн тим како и огромни љубители на животни

Настани

Секогаш тука за вас и вашите миленици