Image Alt

Политиката за приватност

 / Политиката за приватност

Политиката за приватност

Со политиката за приватност ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани клиенти во АвАв Хепи Дог. Оваа политика за приватност се однесува само за www.avav.mk и за поддомените. Доколку е присутен линк што ќе ве поврзе со други страници, не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци што ја обезбедуваат тие интернет-страници.
Секој корисник, при регистрација и при купување, изјавува дека е запознаен со нашата политика за приватност и дека се согласува со неа.
Доколку се регистрирате, сите лични податоци што ќе ги внесете преку формата за регистрација ќе се користат за потребите за згрижување на вашиот миленик, за реализација на плаќањето, како и за рекламирање производи и услуги обезбедени од наша страна, а ќе се чуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци и нема да се отстапуваат на трети страни.

Податоците што ги собираме и што се чуваат кај нас нема да се објавуваат, да се продаваат или да се доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
АвАв Хепи Дог го задржува правото да ги користи IP-aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и на законските постапки.

Не собираме никакви информации со финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на надлежната банка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на надлежната банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на своите неточни лични податоци и информации.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од своите родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или да користиме податоци од малолетни лица.
Ги преземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на клиентите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и од злоупотреба.
Со усвоената политика за приватност и за заштита на податоци АвАв Хепи Дог ја демонстрира посветеноста кон заштитата на приватноста на клиентите.

Промените во политиката за приватност ќе бидат јавно објавени на интернет-страницатa www.avav.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.