
Луѓето сакаат повеќе кучиња отколку луѓе !
НЕВЕРОЈАТНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТАЈМС!
Не е тајна дека сопствениците на кучиња ги сакаат своите миленици, но една студија покажува колкава е точно таа љубов. Весникот Тајмс од Лондон спроведе експеримент со цел да се спореди емпатијата на човекот кон кучињата, наспроти емпатијата кон луѓе. Добротворни медицински истражувачи во Велика Британија направија студијата околу две објавени лажни реклами во весникот со кои се бараа донации. Во првата реклама, на читателите им беше раскажана тажна приказна за еден човек по име Харисон. Сторијата гласеше: “Дали ќе дадеш 5 фунти за да го спасиш Харисон од бавна, болна смрт?” Приказната не се смени за втората реклама, но наместо да биде човек, Харисон беше куче.
Истражувачите ги следеа одговорите на 240 студенти, и имаше јасна поделба за кого се грижеа повеќето. Кучето Харисон добило многу повеќе емпатија од човекот Харисон. Испитаниците беа повеќе расположени да донираат пари на куче отколку за возрасен човек, и покажаа значително помалку сочувство кон лицето Харис, претставник од својот род. На што се должи ова никои досега нема одговор.
Можеби поради неодоливите кучешките очи, ушињата или природната невиност, но има нешто во кучињата што ги тера луѓето да ги сакаат и да ги заштитат. Истражувачите не велат дека го сакате своето куче повеќе од членовите на вашето семејство, но кога станува збор за кучиња наспроти луѓе, доказите не лажат.
Ние си ги сакаме нашите кучиња како да се членови на нашите семејства а тоа го покажуваме преку грижата за нив, нашето однесување а и кога им купуваме специјални тритови и играчки. Но, како нашите кучиња ни кажуваат дека нè сакаат? Прочитајте повеќе тука