Image Alt

Хотел

 / Хотел

Хотел за кучиња

Во АВАВ вашето куче ќе добие најдобро хотелско сместување и најдобра нега, слободна дневна игра во градинката на АвАв, во првокласни услови и стандарди на Ресорт. Додека вие патувате одберете го ова специјално место за вашето куче и тоа ќе биде негувано со многу љубов.

Хотелот располага со 45 соби, храна, садови за храна, удобни креветчиња и мека перница, играчки, постојан 24 часовен надзор, климатизација, камери во целиот објект, надзор од професионален тим.

Зошто хотел за кучиња

АвАв хотелот за кучиња е неспоредлив во однос на грижа, чистота и удобност.

Овозможете му на вашето кученце најдобар хотелски престој за дружба со крзнените пријатели и многу љубов и активности, под постојан надзор од нашиот стручен тим!

Вашето куче е безбедно

Кај нас кучињата се под 24 часовен надзор од стручни лица и големи љубители на животните и знаеме како да ја придобиеме доверба кај кучињата и на секое му пристапуваме со љубезност, разбирање и трпение. Додека вие патувате вашето куче ќе биде негувано со многу љубов и чувано без ланец, боксови или кафези. Секое куче има лична спална соба која му е на располагање 24 часа.

Вашето куче ќе има рутина

Сите знаеме дека некои кучиња се поанксиозни од другите, а навикнувањето на непозната средина може да потрае некое време. Особено ако има многу кучиња. Да се има добро воспоставена рутина е важно за вашето куче. Ќе има некој кој добро ќе се грижи за него, ќе го запознае и ќе ја заслужи неговата доверба. Рутината е извор на благосостојба за вашето куче и ќе му помогне да се навикне на новото место.

Социјализација и постојана грижа

Во нашиот хотел се грижиме за физичкото и психичкото здравје на кучињата. Кај нас со хотелското сместување е вклучена дневна градинка со сите содржини на слободна игра, истрчување и вежби за агилност на рампите во специјализираниот парк. Кучињата во текот на целиот ден слободно се движат, играат и се социјализираат со другите нивни другарчиња. Кучињата добиваат 24 часовна нега, анимација и надзор и во текот на ноќта од специјално обучен тим.

24 часовен престој на вашиот миленик во АВАВ!

Во АВАВ кучињата се вистински среќни, слободни и социјализирани како со луѓето така и со другите кучиња. Нашата програма за нега содржи уште еден важен момент за вашиот миленик, а тоа е вистинска домашна атмосфера во тек на 24 часовен престој на вашиот миленик во АВАВ! 

  • Кучињата целосно слободно се движат внатре и надвор низ целиот наш Ресорт кој опфаќа 2.000 квадратни метри. 
  • Постојано се во придружба на нашиот обучен персонал. Слободно играат и се излежуваат на креветите кога тоа им е потребно. 
  • Секој ден го поминуваат во слободна игра надвор низ парковите и никогаш не се заклучени во кафези или во боксови, а навечер спијат во нивни спални соби специјално направени за кучиња кои им се на располагање 24 часа.
  • Кучињата се делат според карактерни особини во различни простории и паркови наменети за игра, не се мешаат кучиња со кои не се однесуваат соодветно и не им прилега карактерот за дружба.

Подгответе го кучето за хотел

Во нашиот хотел создадовме простор каде вашето куче ќе се чуствува безбедно, среќно и ќе ужива во секојдневна игра во нашиот специјализиран парк за кучиња. Нашиот хотел е целосно опремен и приспособен за сите големини на кучиња.

За најлесно прилагодување препорачуваме да го донесете вашето куче барем еден ден во дневен престој пред ноќевањето во АвАв хотелот. Три дена дневен престој е идеален – за да му овозможите на вашето кученце да се навикне на објектот и да има подобро целокупно искуство. Вашето куче ќе се чувствува удобно со нашиот персонал и ќе научи дека ќе се вратите за да го однесете дома.

Ценовник

Во цената на хотелско сместување е вклучено 24 часовен престој со постојан надзор и дружба со нашиот персонал. Воедно ние ги частиме вашите миленици со домашно подготвени здрави тритови од пекарата на АВАВ за секое добро однесување како дел од нивната програма за социјализација.
Во делот на исхраната АВАВ во цената за престој вклучува и стандардна храна за вашиот миленик, доколу вие се решите на тоа, но тоа не ја менува цената за престој.
Сепак наша препорака е вие да ја донесете вашата омилен храна на која што е навикнат вашиот миленик! Самата промена на средината, а и промена на храната во исто време може да предизвика дополнителен стрес на миленикот и несакани ефекти на столицата или стомачни проблеми!

$ 100
monthly
  • Цени за хотелско сместување
    • Хотелско сместување за куче за 1 до 2 дена (24 до 48часа) : 1200мкд од ден
    • Хотелско сместување за кучиња над 2 дена:
    • Мали и минијатурни кучиња : 900мкд од ден – 24часа
    • Средни и големи кучиња : 1000мкд од ден – 24часа
    • Хотелско сместување за од 10 до 15 дена – 10% попуст на вкупната сума
    • Хотелско сместување за од 15 до 25 дена – 15 % попуст на вкупната сума
    • Хотелско сместување за две или повеќе кучиња (од ист сопственик по документ): 800мкд од куче од 24ч
    • *Прием и одјава е дозволено од 8ч наутро до 19.30ч навечер, Дополнителен трошок од половина ден може да се појави во наплатата, доколку го донесетe вашето куче/кучиња пред 12часот на пладне а го земете после 12часот попладне.
    • Мали и минијатурни : 450мкд
    • Средни и големи : 500мкд
$ 100
monthly
  • Цени за месечно сместување
    • Мали и минијатурни кучиња: 24.000 ден од 1 месец
    • Средни и големи кучиња: 27.000 ден од 1 месец
$ 100
monthly
  • Ценовник за превозот на АвАв Хепи дог
    • Превозот до 3км од АвАв Хепи Дог се наплаќа 180 ден од еден правец ( во работни денови во работни часови)
    • Превозот од 3км до 5 км од АвАв Хепи Дог се наплаќа 200 ден од еден правец ( во работни денови во работни часови)
    • Превозот од 5км до 7км од АвАв Хепи Дог се наплаќа 300 ден од еден правец ( во работни денови во работни часови)
    • Превозот од 7км до 15км од АвАв Хепи Дог се наплаќа 400 ден од еден правец (во работни денови во работни часови)
    • Превозот се наплаќа 400 ден од еден правец ( за време на викенди )
    • Превозот се наплаќа 500 ден од еден правец ( за време на неработни денови и празници )
    • Превозот важи за територијата на град Скопје

Дознајте ги најчесто поставуваните прашања.
Кликнете ТУКА за повеќе

Правила и услови:

Регистрација

Сите кучиња мора да бидат регистрирани во АвАв Хепи Дог Пет Центарот, односно да пополнат Формулар при прием и влез во Хотелот кој служи за заштита на клиентот и каде се пополнуваат податоци за третирање и работа со вашето куче, според навики по кои се води дома.

Прием во хотелот со пополнување на формуларот чини 600 мкд кој се наплаќа еднократно при приемот за прв пат во хотелот.

Начин на плаќање

Цените на хотелско сместување во АвАв Хепи Дог Хотелот се за 24 часа престој во хотелот, наведената цена е дадена за 24 часа престој, пример* од сабота 16:00 ч до недела 16:00 ч е 24 часа престој во хотелот. Дополнителен трошок од половина ден може да се појави во наплатата, доколку го денесетe вашето куче/кучиња пред 12часот на пладне, а го земете после 12часот попладне.

Работни часови

Работни часови на прием и одјава за хотелско сместување и превозот на АвАв Хепи Дог се од 08:00ч до 19:00ч 365дена во годината.

Превоз

За хотелското сместување може да се користи и превоз во договореното време, возилото може да чека 5/10 минути од повикот за предавање на миленикот, во спротивно може да се користи сопствен превоз.

Резервирај соба ДЕНЕСКА!

ул. 1698 БР. 10 Скопје
Населба Бардовци
Телефон: +389 70 261 369
info@avav.mk

Прашајте не што ве интересира



    Ги прифаќам условите за користење