Image Alt

За нас

 / За нас

За нас

Првиот парк за кучиња во Скопје

“АвАв Хепи Дог”

АвАв хепи Дог е првиот пет ценар во Македонија со повеќе услужни единици сконцентрирани во една установа кои ги задоволуваат сите потреби на кучињата и нивните сопствениците кој е формиран како социјално претпријатие и е направен целосно од рециклирани материјали, што е во целосна согласност со нашите вредности и верувања да бидеме одговорни кон животните, животната средина и кон планетата воопшто.

Пет центарот АвАв Хепи Дог нуди паркови со рампи за агилност и тренинг на кучиња, базен во форма на коска со прскалки за забава на вашите миленици, широка тревна површина за игра без поводник, груминг со најсовремена козметика за нега и пекара со домашно направени здрави тритови и сладоледи.

Создаваме центар во кој секој ќе се чувствува пријатно, ќе се разменуваат искуства и ќе се подига свеста и одговорноста кон добра нега на кучињата од страна на сопствениците, а особено на децата како идни одговорни сопственици на кучиња.

Мисија

Мисија на АвАв Хепи Дог како компанија е “да се подобри квалитетот на живитот на кучињата и трајно вдомување на уличните кучиња преку нивно времено згрижување, а воедно и создавање на пријатен простор со многу содржини за едукација, забава и игра на домашните миленичиња и нивните сопственици, со цел “на едно место да се најдат сите потребни производи и услуги”.

Визија

Нашата визија е да создадеме заедница каде што секое куче ќе има траен дом, на секое куче да му е обезбедена основната нега и градот Скопје да биде град без улични кучиња и насилство врз животните.

Запознај го тимот

Михаела Поповиќ

Михаела е Инженер Архитект и има големо искуство за користење на рециклирани материјали во модерен дизајн и е голем подржувач на оддржливиот развој. Михаела е полна со љубов кон сите животи, особено кон кучињата и никогаш не пропушта можност да направи нешто добро за нивната благосостојба и да им помогне на бездомните кучиња. Заедно со Наде се две млади образувани девојки со социјално претприемачки дух, полни со љубов, страст и ентузијазам да направат промена во односот и грижата кон уличните кучиња. Михаела со многу страст и љубов, а пред се поради нејзината уметничка душа и креативност го дизаинираше и го изведе АвАв Хепи Дог паркот користејки контејнери, палети, стари гуми, остатоци од градежни материјали и заедно со Наде и голема група волунтери го создадоа царството на кучињата во Скопје, водејки максимална сметка за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Михаела заедно со Наде, како сопственички на АвАв, се добитнички на СИА наградата, за најдобро социјално претпријатие за 2017 година.

Наде Богоевска

Наде е Магистер по стратегиски комуникациски, и има искуство во маркетинг, а особено има афинитет за односи со јавноста и комуникациски стратегии и социјални медиуми. Таа е типичен млад социјален претприемач, со одлични организациски способности, богата со иновативни идеи за решавање на многу социјални проблеми во заедницата. Уште од најрани години таа е голем љубител на животните и е активист за правата на кучињата. Има големо искуство во посвојување и помош на уличните кучиња и активно организира и учествува во многу акции за спасување на бездомните кучиња. Наде има големи познавања за однесувањето и психата на кучињата и преку неизмерната љубов и трпение со нив е вистински тренер и терапевт на најпроблематичните и истрауматизирани кучиња.
Преку студиски патувања со самофинансирање Наде и Михаела имат посетено, повеќе шелтери и паркови за кучиња низ Европа, и се стекнаа со меѓународно искуство и добра пракса, која што ја применуваат во Македонија.Заедно со Михаела како сопственички на АвАв, се добитнички на СИА наградата, за најдобро социјално претпријатие за 2017 година.

Бојан Весковски

Бојан по професија е Физиотерапевт, со големо искуство во спроведување на физиотерапија во приватна здравствена организација. Неговата голема љубов кон кучињата прерасна во пасија кон нивна квалитетна нега, едукација, тренинг и добро здравје. Неговата нежна и искусна рака, смиреност и талент кон беспрекорност и естетика ги прави сите наши миленици да изгледаат убаво, да мирисаат убаво и да се со беспрекорно меко крзно, со негувани меки шепи, здрава кожа, чисти уши, средени нокти, а без притоа да доживеат никаква траума или стрес. Преку студиски патувања со самофинансирање Бојан има посетено, и завршено повеќе едукативни програми и курсеви за тренер и грумер за кучиња, и се стекна со меѓународно искуство и добра пракса, која што ја применува во Македонија. Бојан е полн со љубов и позитивна енергија кон сите гости во АвАв а особено кон милениците. Сите велат дека со Бојан кучињата се однесуваат сосема поинаки, тие се многу умни, послушни и смирени, а тоа е благодарение на неговото професионално познавање на нивното однесување и психа, позитивната енергија, ведриот дух и неизмерната љубов кон секое куче. Освен професионалноста во спа центарот и деталната професионална работа со кучињата од прием до извршување на целиот третман ,неговата специјална едукација во Дог Траст, за организација на работа на тренинг центарот и дневната нега е посебно потребна за подигање на квалитетот на нашите услуги и за целокупното функционирање на пет центарот.

Ангел Богоевски

Ангел е Инженер Технолог, и е вклучен уште од првиот ден на почетоците на создавањето на АвАв Дог центарот. Тој е најомилениот другар на сите кучиња, а особено од градинката на АвАв. Со неговата неизмерна љубов, желба за игра и трпение ги привлекува сите миленици како магнет. За него сите велат дека со неговата насмевка, весел дух и позитивна енергија одлично е прифатен од секој нов член на градинката каде сите се чуствуваат како дома. Првиот пристап кој го остварува со кучињата е особено важен да точно на секое кученце му даде свое место во специјализираниот кучешки превоз и самото куче се чувствува удобно во самиот превоз. Има одлична способност на анализа на самото куче и професионален пристап за прво запознавање на самото куче со нов човек како и со запознавање на самото куче со новата група и средина- градинката на ававхепи дог.Ангел е посветен на заштитата на животната средина, и е одговорен за едукативни активности за заштита на животната средина. Негова специјалност е прилагодување на удобна средина на секое ново кученце како член на градинката а и воедно огранизација и групирање на самите кученца со карактери кои им одговараат. Уште од неговото детство е активист и длабоко инволвиран во заштита на животните и спасување на улични кучиња.

Стефани Трајковска

Нашата Стефи е девојка која на секое дојдено куче како гостин на АВАВ со сигурност може да се гарантира дека ќе направи фотографија за во рамка. Млада ентузијастична девојка која со огромна љубов го чекори секој ден како дел од нашиот тим. Сопственик на две кучиња, љубител на секое кученце особено девојка која многу помага за пронаоѓање дом на напуштени кученца, воедно едното од двете нејзини миленици е токму вдомено. Со сигурност може да се каже дека вашето куче ќе биде осипувано со љубов, изигрувано и држено со друштво кое му одговара а за вас сопствениците, секојдневно ќе добивате фотографии и видеа од неа во оние моменти кога највеќе ги мислите вашите најдраги.

Амина Хот

Амина или Ами е млада девојка и дел од тимот на АВАВ Хепи Дог, сопственик на две кученца, која одлично знае да направи поделба и пријатна атмосфера на секој дојден клиент, со голема моќ за читање на секој ваш миленик од типот што му е пријатно, што му фали и што треба да добие во моментот. со дополнително искуство за исхрана и видови на храна која одговара на секој различен организам на куче како дел од нејзини предходни искуства во оваа област. Ами е нашиот dogwhisperer, па затоа без гајле можете да го доверите вашиот миленик кај неа и да дознаете плус информација која не сте ја знаеле за вашето куче бидејќи со сигурност ќе се поврзе со него и ќе научи многу повеќе за самото кученце од што сте очекувале.

Христина Андреевска

Кики е дел од АвАв Груминг и спа центарот, девојка која се има образовано и развивано во ветеринарна срука со огромно искуство пред да стане дел од стручниот тим на АвАв Хепи Дог. кога Кики ќе го земе вашиот миленик за фризерски третман може со сигурност да се уверите дека не само што вашиот милник ќе ужива во пријатната атмосфера која ќе му ја овозможи, воедно вашиот миленик ќе пројде преку тн. рентген за целосната негова ситуација со уста, уши, кожа, влакно, шепи, со нејзиниот нежен глас и златни раце прави извондреден спа третман на вашиот миленик а тој си заминува среќен соработувајки со неа.

Виолета Богдановска

Летка е токму ликот кој најрано во нашиот пет центар ќе го прими и гушне вашето милениче и ќе направи пријатна и сигурна средина за неговиот прв прием во АвАв. Таа е дел од нашиот тим со кој вашите миленици поминуваат голем дел од денот и девојка која секогаш се грижи да имаат се што им е потребно во нивните соби од реквизити како тањирчиња, креветчиња, перници, ќебиња во нивните соби да им направи пријатна атмосфера, налик нивниот дом.

Мирјана Трајковска

Мајкино кај си ти! Кога ќе ги слушнете овие зборови вашиот миленик сте го предале на нашата Мими. Во тој момент може да бидете сигурни дека вашиот миленик ќе биде осипуван со многу љубов и галење. Мими е дел од стручниот тим на авав хепи дог кој и покрај професионалната посета на курсеви и обуки како негувател за кучиња,нивно анимирање, дружење, хранење, изигрување и запознавање со јавен простор и група на миленици, има најголем допринес во првиот момен на оделување на сопственикот со миленикот кој е клучен за било каков престој надвор од дома. Љубовта на Мими која ја има од мали години, хранење и чување на бездомни кучиња сопствени кучиња, продолжи да ја живее секојдневно како дел од тимот за авав хепи дог.

Сертификација

Од големиот број на добиени сертификати и признанија би сакале да издвоиме дека АвАв Хепи Дог е сертифицирана како: општествено одговорна компанија, професионален груминг на кучиња, професионално работење со кучиња за дневна градинка и хотелско сместување, сертификат за психологија на кучиња и работење со различни раси и големини на кучиња.