Image Alt

Av Av Happy Dog

 / Совети  / Практични совети за цело семејство

Практични совети за цело семејство

Многумина од нас живееме со кучиња како домашни миленици или се сретнуваме надвор со нив. Дали сме сопственици на кучиња или не треба да знаеме, но и да ги научиме нашите деца дека кучињата не се плишани играчки само за забава. Тие се живи суштества и бидете сигурни дека немаат намера без причина да не повредат.

Факт е дека сите кучиња имаат заби и било кое од нив може да не исплаши или пак да не гризне ако во тој момент е исплашено, повредено или загрижено за својата безбедност.

Еве неколку совети како ние и нашето семејство посебно децата треба да се однесуваме со кучињата било да се наши домашни миленици, или на друг сопственик или пак улични, незгрижени кучиња.

  • Запомнете дека сите кучиња имаат заби
  • Без причина немојте да му приоѓате на куче кое нема сопственик
  • На куче со придружба смееме да му пријдеме само ако сопственикот ни одобри. Запомнете дека нашите пријатели најчесто уживаат кога ги прегрнуваме но кучењата секогаш не се расположени за овие човекови навиќи.
  • На кучето пријдете му смирено со тоа му покажувате дека го почитувате и дека немате лоша намера.
  • Прво кучето треба да ни ја помириса раката а потоа нежно да го погалиме, не во близина на очите туку на задниот дел на главата. Тоа треба да го направиме со дланката, но немојте да го тапкате или дланката да ја движиме горе долу по влакната бидејки тоа не им одговара на кучуњата.
  • Ако ни се приближи куче без сопственик, прво треба да застаниме мирно исправени без да викаме или да креваме врева, и да ги скрстиме рацете на градите. Важно е да погледнеме на страна, а не право во очите на кучето. Не се наведнувајте бидејки можете да го збуните кучето.
  • Немојте никогаш да вознемирувате куче кое јади или спие, дури и кога ви се чини дека е забавно, запомнете немојте да го предизвикувате кучето.

Главен совет што треба да им го дадат родителите на децата е дека во близина на познато или непознато куче не треба да трчаат или да го предизвикуваат и дразнат кучето бидејки секое куче е различно по карактер. За тоа како да бидете безбедни надвор во близина на куче прочитајте повеќе тука.