Image Alt

Av Av Happy Dog

 / Интересно  / Пет знаци дека вашето куче ве сака

Пет знаци дека вашето куче ве сака

ДОКАЗИ ДЕКА ВАШЕТО КУЧЕ ВЕ САКА

Ние си ги сакаме нашите кучиња како да се членови на нашите семејства а тоа го покажуваме преку грижата за нив, нашето донесување а и кога им купуваме специјални тритови и играчки. Но, како нашите кучиња ни кажуваат дека нè сакаат? Имаме добро чувство дека тоа го прават, но еве неколку знаци и сигнали дека нашите миленици сакаат да ни покажат со сигурност дека не сакаат и дека ни ја возвраќаат љубовта што им ја даваме.

Играње и галење

Некогаш нашите миленици ни се чини дека во несоодветно време се разигруваат и се обидуваат да се борат со нас. Ова е нивниот природен начин на играње и галење! Ако некогаш сте го гледале вашето кученце како игра со друго куче, ќе препознаете дека и кон вас се однесува исто. Малку борење со вашето куче миленик е полезно и забавно, па дури тоа некогаш умее да ви покаже и некоја нова игра или да ви ја донесе неговата омилена играчка. Тоа го прави со цел да ја задржи и да ја зацврсти вашата меѓусебна врска!

Сака да спие со вас

Кучињата се животни кои спијат во чопор ,како и во дивината што спијат волци и други слични животни. Ова им помага да се загреат и да се чувствуваат безбедно. Тоа е исто така начин вашето куче да ви покаже дека и тоа се грижи за вас. Сака да биде во ваша близина , и ова е неговиот природен начин да ви покаже дека се чувствува удобно до вас во креветот затоа што ве гледа како семејство.

Скока на вас

Иако ова за некого е типично непожелно однесување, кучињата скокаат на луѓе затоа што ги сакаат. Кога ќе си дојдете дома после работа , вашето куче е возбудено и сака да покаже дека се радува кога ќе се вратите! Секако подобро е миленикот да го научите поинаку да се радува кога ќе ве види, но за нив поприфатлив начин да ја споделат возбудата и љубовта кон вас е да потскокнува и да ја покаже својата наклоноста и среќа што ве гледа.

Мавтање на опашка

Иако мавтање на опашката на куче не е секогаш знак за среќа, миленикот на сопственикот со таа постапка му порачува дека му е наклонет и приврзан. Кога кучето лабаво ја мавта опашката, а неговото тело покажува други знаци на возбуда, со сигурност тоа е многу среќно што сте до него!

Следење на спственикот

Кучињата ги следат и одат по нивните сопственици поради различни причини, вклучувајќи го и нивното знаење дека сте извор на храна и засолниште. Но, кучињата се исто така животни кои уживаат да бидат со своите семејства, а следењето и одењето по вас е само уште еден знак на љубов и приврзаност дека сака да биде до вас, бидејќи тоа ве сака. Значи, иако таа постапка понекогаш може да ви пречи во движењето, посебно кога кучето ви се плетка во нозете и оди пред вас или зад вас , важно е да знаете и да запомнете дека тоа едноставно само го сака вашето друштво.

Многумина од нас живееме со кучиња како домашни миленици или се сретнуваме надвор со нив. Дали сме сопственици на кучиња или не треба да знаеме, но и да ги научиме нашите деца дека кучињата не се плишани играчки само за забава. Тие се живи суштества и бидете сигурни дека немаат намера без причина да не повредат. Повеќе практични совети за целото семејство а особено за децата прочитајте тука.